Превод

Превод претставува точен пренос на изворен текст во целен текст.

Зависно од видот на преводот, разликуваме судски и незаверен превод. Преводи што се заверени со печат и потпис на овластен судски преведувач ги сметаме за судски, а сите оние што ги немаат овие карактеристики ги сметаме за незаверени.

Зависно од видот на текстот, ги нудиме следниве видови превод:

  • Деловен превод (документи за деловна кореспонденција)
  • Технички превод (инструкции/упатства за работа и слично)
  • Локализација на софтвер (адаптација на софтверски производ на јазичните, културните и техничките барања на целниот пазар)
  • Правен превод (текстови на договори, судски одлуки, тужби и сл.)
  • Административен превод (уверенија, изјави, пасоши, возачки дозволи и сл.)
  • Научен превод (превод на учебници, текстови во стручни списанија, филолошки текстови и сл.)
  • Друг превод (конференциски текстови, спецификации за патенти, текстови од новински агенции, рекламни текстови и др.)

 

Нашиот тим:

Тимот за преведување се состои од внатрешни и надворешни преведувачи, кои се овластени од Министерството за правда на Република Македонија, но исто така и од надлежните служби на други држави доколку преведувачот живее надвор од Република Македонија.

Тимот не се состои само од професионални лингвисти, преведувачи и толкувачи, туку и од универзитетски професори на полето на превод и толкување, доктори на науки за литература и правни експерти. При работа со специфична терминологија го задржуваме правото да го консултираме нашиот тим од експерти за засегнатата индустриска гранка.

Процес на преведување

Цени

Цена по збор: од 0.06 евра

Цена по страница (1.800 карактери со празни места или 1.500 карактери без празни места): на барање

Техничка адаптација на преведен документ: од 4 евра по станица зависно од сложеноста.