Поврзани услуги

Лекторирање

Лекторирањето претставува процес на проверка на конечниот нацрт на документ или текст (независно дали се работи за изворен или целен текст) откако е изготвен, со цел да се осигура дека не постојат никакви грешки (печатни грешки, пунктуациски грешки, граматички грешки или, пак, несоодветно користење на регионалниот јазик – на пример, американски англиски, наспроти британски англиски). Во некои држави сите објавени текстови задолжително мора да се лекторирани пред нивното објавување. По правило, текстовите се лекторираат од лица чиј матичен јазик е оној што се лекторира. Сите лектори за македонски јазик ангажирани од нас се овластени академски лектори.

Процес на лекторирање

[cool-timeline layout=”horizontal” category=”lektoriranje” skin=”default” designs=”design-3″ show-posts=”820″ order=”ASC” items=”6″ icons=”YES” story-content=”full” date-format=”default” based=”custom” autoplay=”false” start-on=”0″]

Цени

Лектура по збор: од 0,02 евра

Лектура по страница (1.800 карактери со празни места или 1.500 карактери без празни места): на барање

Едитирање

Едитирање претставува процес на прегледување и измена на текст со намера да се подобри текот и општиот квалитет на писменото. Едиторот треба да има слобода да отстрани цели реченици или одново подобро да напише цели ставови. Нашите едитори коригираат и очигледни грешки, но не се овластени лектори.

Оваа услуга ја нудиме само за македонски, германски и англиски јазик.

Цени

Едитирање по страница (1.800 карактери со празни места или 1.500 карактери без празни места): на барање

Толкувачка и конференциска опрема (кабини, микрофони итн.)

За вршење симултано толкување нужна е суштинска опрема во форма на толкувачки кабини, аудиовизуелна опрема или, пак, мобилен систем за толкување, кои се монтираат на локацијата на толкување.

Ве молиме пратете ни детално образложение за вашите потреби или претставете ни го планираниот настан (број на учесници, слушатели, јазици итн.), за да може да Ви доставиме најсоодветна понуда.