Поврат на ДДВ

„Лингвистик системс“ посредува во постапки за поврат на ДДВ платен во Македонија.

Во 2018 година стапката на ДДВ изнесува 18% со тенденција да расте.

Овие услуги им ги нудиме на правни субјекти регистрирани во држави, со кои Република Македонија има склучено договор за избегнување двојно оданочување. Во 2018 година вакви договори се склучени со најголем дел од земјите на Европската Унија (освен со Хрватска), како и со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други.

Доколку не знаете дали вашата држава има склучено ваков договор со РМ, ве молиме контактирајте нѐ.

 

Потребни документи: сите документи што ја докажуваат регистрацијата на правното лице како ДДВ-обврзник и нејзиното законско постоење во државата на регистрација.

Сметкопотврди и фактури за стоки и услуги набавени во Република Македонија, согласно листата на дозволени стоки и услуги во дефинираниот минимален износ.

Други документи може да бидат потребни зависно од случајот.

 

Времетраење на постапката: приближно 6 месеци до прием на износот на вратен ДДВ од страна на клиентот.

Ќе ги дадеме нашите услуги и ќе ја спроведеме комплетната постапка и сите поврзани активности за да ви овозможиме да реализирате поврат на ДДВ за провизија од 5-10 % од ВРАТЕНИОТ ИЗНОС, зависно од случајот и пакетот на услуги.

Би ни било драго да ви доставиме конкретна понуда.

 

Ве молиме, имајте на ум дека нашите услуги ги фактурираме ОТКАКО и САМО ДОКОЛКУ добиете позитивна одлука за поврат на ДДВ од македонскиот надлежен орган.