Корпоративни услуги

Корпоративна поддршка
Под корпоративна поддршка ја подразбираме помошта за одговарање на потребите на сопственикот на правен субјект при основање компанија, како и решавање на прашања што се дел од неговото работење. Би ни било драго да ви помогнеме при основање на вашиот правен субјект во Македонија, при заднински проверки на евентуални партнери, виртуелна адреса, секретарски услуги, организација на состаноци, прибирање понуди, изнаоѓање на персонал, планирање деловни патувања и настани, печатење маркетиншки материјали, изготвување интернет-страници итн.
Со оглед на тоа дека се работи по специфичен случај, за прецизна понуда ќе мора да нѐ контактирате наведувајќи ги вашите конкретни потреби.
Трансфер услуги
Нудиме ексклузивни транспортни услуги за нашите клиенти со патнички моторни возила “BMW X6” и “Landrover Discovery” (за рурални траси).

Цени:
Почнувајќи од 1,5 евра/км со вклучен возач.
Како пример, трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до Скопје чини 35 евра + ДДВ.

Активности во слободно време
За да овозможиме порелаксирано опкружување за деловна соработка, организираме исто така и формални и неформални ручеци/вечери во најдобрите винарници и ресторани низ Македонија, посети на надалеку прочуеното Охридско Езеро, посети на манастири, скијачки ден и други патувања скроени на вашите желби.
Ве молиме, имајте предвид дека висококвалитетна организација на вашиот настан, па дури и на слободното време, бара време и прецизни информации за вашите желби.
Сместување делегати и избор на локации за настани
Во Македонија резервираме сместување кое соодветствува на вашите барања.
Исто така, ги наоѓаме перфектните локации за вашиот настан креирајќи незаборавни искуства за вашите гости.