Толкување

Толкување претставува пренос на говорен изворен текст во говорен целен текст. Постојат повеќе форми на работа, од кои сите се нудат од наша страна:

      • Симултаното толкување го претставува најспектакуларниот начин на толкување, што се случува ИСТОВРЕМЕНО со разбирањето на чуениот изворен говор, а НЕ ОТКАКО се слушнал говорот, што ги воодушевува лицата што не се толкувачи и ги фасцинира јазичните психолози. Доколку не е во форма на шепотење (француски: chuchotage) или толкување со читање (француски: traducion à vue), по правило има потреба од електроакустички преносни уреди и двајца толкувачи по јазичен пар. Овој вид толкување е соодветен за конференции каде што се избегнува негативно влијание врз времетраењето на конференцијата, а посебно е потребно во случаи кога конференцијата е повеќејазична (се применува релеј-толкување). Во случаи кога нема можност за кабини за толкување, а се работи за мал број слушатели, може да се користи и мобилен систем.
        • .
        • Шепотење претставува подвид на симултаното толкување, кој веројатно се применувал со векови и сѐ уште се користи за едно лице – корисник на толкувањето, на пример, во случаи кога конференциите се одржуваат на еден работен јазик, а едно лице од публиката не го разбира работниот јазик. Нашите толкувачи работат и шепотење на тет-а-тет средби во случаи кога временската рамка не дозволува консекутивно толкување.
        • Толкување со читање (интерен термин) се нарекува толкување при кое толкувачот на публиката симултано им чита текст напишан на изворниот јазик на целниот јазик, но често пати научно се смета и за посебен начин на толкување.

       

      • Консекутивното толкување го претставува најприродниот начин на толкување, спонтано практициран дури и од деца со миграциска заднина. Токму затоа ова се смета и за најстарата форма на лингвистичка медијација. Стана професија дури на почетокот на 20 век поради зголемената институционализација. Конференциското толкување, на пример, „се роди“ на Мировната конференција во Женева во 1919 година. Тоа претставува високоспецијализирана активност која во наше време не може да биде исклучена. Согласно АИИЦ: „Конференциски толкувач е лице што по професија дејствува како одговорен лингвистички посредник (само или почесто како член на тим) на формални или неформални конференции или во ситуации слични на конференција, благодарејќи на неговата или нејзината способност да даде симултано или консекутивно усно толкување на говорите на учесниците, независно од нивната должина и сложеност“ (AIIC 1984:12). Други форми на консекутивно толкување се толкување на суд, толкување на преговори, придружно/толкување на патувања, телефонско толкување и тет-а-тет толкување.

       

       

  • Нашиот тим: Најголем дел од нашите толкувачи се акредитирани од Европскиот суд на правда, Европскиот парламент и Европската комисија.Тимот не се состои само од професионални лингвисти, преведувачи и толкувачи, туку и од универзитетски професори на полето на превод и толкување, доктори на науки за литература и правни експерти.

Процес на толкување

[cool-timeline layout=”horizontal” category=”tolkuvanje” skin=”default” designs=”design-3″ show-posts=”820″ order=”ASC” items=”6″ icons=”YES” story-content=”full” date-format=”default” based=”custom” autoplay=”false” start-on=”0″]

Цени

Толкување по час: започнува од 1500 денари

Толкување по ден: започнува од 7000 денари

Во случај да не сте сигурни кој вид толкување ви е потребен, драго би ни било да ви помогнеме при изборот на најсоодветниот вид за вашиот настан.